На 20.12.2024 година, традиционално како и секоја година, се одржа годишното собрание на Здружението Македонски Комитет за големи брани (ЗМКГБ). Во продолжение може да го преземете записникот од собранието (преземи записник). Во рамки на собранието, се одржа и семинар на кој се презентираа четири презентации на тема „Напредни методи во истражување и планирање на хидросистемите“. Презентациите може да се преземат од линковите:
- Определување на влијанието на оперативните параметри при управување со ХЕЦ со примена на модел базиран на машинско учење (Фросина Пановска Георгиевска, ГФ,УКИМ, Скопје),
- Антропогено и климатско влијание врз водното ниво во езерото „Преспа“ (Васко Стојов, УХМР, Скопје),
- Примена на информациското моделирање на градби (БИМ) во хидротехниката (Гоце Тасески, ГФ,УКИМ, Скопје)
- Рехабилитација на хидротехничките објекти и можности за надградба на ХЕС Црн Дрим (Славко Милевски, АД ЕСМ, ХЕС Црн Дрим, Струга)
Фотографии од настанот може да погледнете во прилог.








