Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) е експертска, невладина и непрофитна инженерска организација формирана во 1950 година, како дел од поранешниот YUCOLD (Југословенски Комитет за Големи Брани). Комитетот ја претставува Македонија во рамки на Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD), формирана во 1928 година, со седиште во Париз. 

Во ICOLD, ЗМКГБ е примена во 1992 година на конгресот во Дурбан, Јужна Африка.

ЗМКГБ е член и на Европскиот клуб на ICOLD од 2006 година.

ЗМКГБ има важна улога во процесот на проектирање, изградба и одржување на големите брани во РС Македонија, преку директно учество на нејзините членови во реализација на проекти, како и во организацијата на повеќе конгреси, симпозиуми, работилници, студиски посети и стручни презентации. Имено, целите на ЗМКГБ се да промовира напредок при изработка на проектите и градбата на браните со акумулации и јаловишта и придружните објекти, како и во процесот на одржување, техничко набљудување и експлоатација на овие конструкции.