Браните во Македонија

Градбата на брани во нашава земја датира од 1938 година, кога е завршена лачната брана Свети Андреја (Матка), лоцирана на реката Треска, во близината на Скопје. Досега се изградени 27 големи брани што затвораат акумулации и 4 брани што формираат јаловишта за рударски отпад. Највисоки меѓу нив се насипните брани Козјак (H=114 m), Тиквеш (H=104 m) и Шпилје (H=101 m). Тиквеш и Шпилје беа највисоки насипни брани и во некогашна Југославија. Последна изградена голем брана во Р. Македонија е лачната брана Св. Петка на реката Треска (лоцирана меѓу Матка и Козјак).