ICOLD

Меѓународната комисија за големи брани ICOLD (International Committee on Large Dams) е формирана во 1928 и е со седиште во Париз, Франција, со цел да го унапреди процесот на проектирање, градба, одржување и експлоатација на браните. Членки на ICOLD се државите кои ги преставуваат националните комитети. Моментално има 88 членки – национални комитети со околу 10000 членови во рамки на националните комитети (состојба, декември 2008 година)

https://icold-cigb.org/

Во рамки на ICOLD се формирани Регионални клубови, од страна на Националните комитети за да се унапреди трансферот на знаење и искуство меѓу земјите членки. За секоја од зоните на ICOLD е формиран засебен Регионален клуб. Согласно на тоа, ЗМКГБ е член и на Европскиот клуб на ICOLD – European ICOLD Club (http://cnpgb.apambiente.pt/IcoldClub/index.htm)