Извод од статутот на ЗМКГБ

“Член на ЗМКГБ може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, како и странски државјанин. Член на ЗМКГБ се станува со потпишување на Пристапница и Изјава.

Во Пристапницата се наведуваат куси биографски податоци, податоци за стручниот, од­носно научниот степен и податоци за професионалната работа и вработување во об­лас­та на истражувањето, проектирањето, градењето и одржувањето на големите брани со нив­ните придружни објекти. При исклучување или престанок на членување во Ко­ми­те­тот, пристапницата задолжително се враќа.

Со Изјавата се потврдува подготвеноста за почитување на Статутот на ЗМКГБ и осо­бе­но, чувањето на професионалниот углед и достоинство на ЗМКГБ и професијата во це­лина.

Решение за прием во членство на ЗМКГБ донесува Собранието. ЗМКГБ за своите членови води регистар на членството кој се ажурира според потребите.

Во знак на особено признание за придонес во работата на ЗМКГБ и за развој на проблематиката од областа на големите брани воопшто, ЗМКГБ доделува звање Почесен претседател на ЗМКГБ. Ова почесно звање го доделува Собранието на ЗМКГБ на пред­лог на Претседателството. По правило, ова почесно звање е наменето за поранешните прет­седатели на ЗМКГБ, но во исклучителни случаи можат да го добијат и други членови за особени заслуги за организацијата.

На предлог на Претседателството Собранието ги доделува и звањата Заслужен член и Почесен член на ЗМКГБ. Признанието Почесен член може да се додели и на лице кое што не е член на ЗМКГБ.”

 

Почесни претседатели на ЗМКГБ се:

– проф. д-р Трифун Паскалов, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје, поранешен претседател на ЗМКГБ во период 2000-2004 год.

– проф. д-р Љубомир Танчев, Градежен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје, поранешен претседател на ЗМКГБ во период 2004-2013 год.

 

Заслужни членови на ЗМКГБ се:

– Славчо Михајловски, Градежен Институт Македонија АД, Скопје

– проф. Наум Гапковски, Градежен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје

– проф. Станислав Миловановиќ, Градежен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје

– проф. д-р Коста Талаганов, нститут за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје

– Василе Соколоски, Пела Проект – Прилеп 

– Никола Ѓончески, АД ЕСМ, Подружница ХЕЦ Црн Дрим

 

Почесни членови на ЗМКГБ се:

– проф. д-р Дан Стематиу, Технички универзитет во Букурешт, Факултет за хидротехника, почесен претседател на Романскиот комитет за големи брани

– проф. д-р Адриан Поповичи, Технички универзитет во Букурешт, Факултет за хидротехника, почесен претседател на Романскиот комитет за големи брани

– проф. д-р Андреј Крижановски, Универзитет во Љубљана, поранешен претседател на Словенечкиот комитет за големи брани 

 

Плакета за животно дело

Во рамки на Трибината на тема: 80 години од инженерството за брани во Македонија, одржана на 19.10.2018 год. во Скопје, во организација на ЗМКГБ, по повод одбележување на значајниот јубилеј – 80 години од изградбата на првата брана во Македонија, лачната брана „Матка“, изградена во 1938 година, беше доделена Плакета за животно дело на проф. Михајло Серафимовски за огромниот научен и практичен придонес во проектирањето и градењето брани и развојот на хидротехниката и водостопанството во Р. Македонија и воедно личност која оставила најдлабоки траги во градителството на брани во изминатите осум децении во нашата држава.